Огромна рекла од кал носела куќи во Јапонија, се трага по 20 лица

 Огромна рекла од кал носела куќи во Јапонија, се трага по 20 лица

Јапонските власти соопштиле дека се трага по најмалку 20 исчезнати лица откако утрово дошло до свлечиште во крајбрежниот град југозападно од Токио.

До свлечиштето од кал во градот Атами дошло откако регионот го погодил силен дожд.

Полицијата и пожарникарите трагаат по исчезнати лица, пишува “CNN”.

На видео снимките кои се појавиле на социјалните мрежи се гледа како реката од кал носи куќи и како луѓето во паника бегаат од местото на настанот.

Премиерот Јошихиде Суга повикал тим за итни ситуации кој ќе се позанимава со кризата, навела државната телевизија “NHK, прикажувајќи Твитер снимки од поплавите кои ги уништиле домовите и ги однеле урнатините.

Снимките од социјалните мрежи покажале и потопени автомобили и спасувачи како во мал чамец се пробиваат низ водата која достигнува до струк.

x