• 26/09/2020

Охрид доби Шелтер центар за жртви од семејно насилство

 Охрид доби Шелтер центар за жртви од семејно насилство
loading...
Advertisement

Oхрид конечно доби Шелтер-центар за жртви од семејно насилство, според сите стандарди. Објектот  има капацитет за згрижување на вкупно 12 лица, а првично тука ќе се згрижуваат жртви од регионот Охрид, Струга, Кичево  и Дебар.

Штитениците ќе бидат под постојан надзор на стручни лица, и под придружба одат на лекар и во школо.

Во близина на центарот, кој заради безбедноста на жртвите се држи во потполна тајност, е отворено и Советувалиште за ресоцијализација на жртвите.

Исто така штиттениците ќе добијат и заштита во поглед на невработеноста, парична помош и психосоцијална поддршка, бидејќи крајна цел е по завршувањето на сместувањето, целосно да се ресоцијализираат и нормално да функцинираат без насилство, велат  од Центарот за социјални работи.

Само во 2019 година се регистрирани околу 150 случаи на вакво кривично дело во Охрид, или приближно секој втор ден имало жртва на семејно насилство.

Извор:meta.mk