Охрид и Струга полни за новогодишните празници
Охрид и Струга за претстојните новогодишни и божиќни празници ќе бидат преполни. Најбројни ќе бидат гостите од Бугарија, Србија и Албанија, но има многу резервации и од Косово и Црна Гора. Во хотелите веќе тешко може да се најде слободно место, а полни се и приватните апартмани.
„За сместувачките капацитети во Охрид, можеме да се пофалиме дека уште на почетокот на месец декември интересот беше голем и мислам дека комплетно Охрид и сите хотелски капацитети се распродадени за новогодишните празници…“, вели Љупчо Цветаноски-хотелски работник.
Голме интерес има и за Струга. градот веќе го полнат и иселениците од странство кои за празниците си доаѓаат дома.
„…Имаме гости од Албанија, односно од Тирана и од Косово од градовите Призрен, Приштина, Гњилане. Организираме вечера со жива музика, а на гостите ќе им понудиме и други активности, како прошетка низ Охрид и Струга“, рече Теута Баланца, Хотелски менаџер во Струга.
Од Хотелската асоцијација ХОТАМ, велат дека гостите оваа година најмногу бараат тридневни и четиридневни аранжмани.
„Хотелите со 3, 4 и 5 звезди се скоро 100% исполнети… Следната година со добри најави очекуваме да биде уште подобра од оваа година, најмалку за 5-10 %“, рече Крсте Блажески, Претседател на ХОТАМ.
За дочекот на Новата Година вечерта на 31 декември цените се движат помеѓу 30 и 60 евра во зависност од услугата и местото.
извор:Алсат М