• 21/09/2020

Охрид ке се одржи централниот настан за одбележување на Светскиот ден на ретки болести

 Охрид  ке се одржи централниот настан за одбележување на Светскиот ден на ретки болести
loading...
Advertisement

Во сабота 29.02.2020 со почеток во 12 часот на градскиот плоштад во Охрид  ке се одржи централниот настан за одбележување на Светскиот ден на ретки болести.
Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови.

Охрид и охриѓани повторно сплотени ,цел февруари го посветија на лицата со ретки болести се со цел да ја изразаат поддршката и да го свртат вниманието за постоењето на оваа група пациенти.

Под мотото Многу сме! Силни сме! Горди сме! со боење на дланките како симболика за 5% од пациентите со ретки болести за кои има лек но и со многу креативни творби медицински работници, училишта, градинки, спортски клубови, поединци ги преплавија социјалните мрежи со прекрасни фотографии.

Да бидеме што помасовни во сабота на 29 февруари  да се слушне нашиот глас да им покажеме на сите дека НИЕ ПОСТОИМЕ!
Се повикуваат сите училишта, поединци што сакаат да ни се придружат на настанот во кој низ песна ќе ја подигнеме свеста за ретките болести !Бидете присутни и покажете ја својата реткост, хуманост , сплотеност!

Се гледаме во сабота на 29 февруари !!!

Организатори:

Лолеска Гордана  активист на “Живот со предизвици”

Стефан Каневче професор во  ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид