
Охрид загуби уште еден доктор, од COVID-19 почина Д-р Зоре Љушева Трајческа
– По медицинската сестра Дијана Димоска и Д-р Драган Спасески, Охрид загуби уште еден медицински работник. Од последиците на COVID-19 почина Д-р Зоре Љушева Трајческа.
– Oваa проклета болест ми одзеде уште едена колешка со која поминав повеќе од 30 години заедничка работа во нашата болница. После Д-р Драган Спасески сега и Д-р Зоре Љушева Трајческа не напушти прерано како последица на Короната. Бог да ја прости. Чувајте се драги пријатели. Не смеете да ја потцените болеста. Тогаш ќе изгубите. Со првите симптоми се почнува со лекувањето. Тогаш ќе ја победите, напиша на неговиот профил на Facebook Д-р Митре Милошевски, колега на Љушева Трајческа во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Медицинските работници, од самиот почеток на корона пандемијата се на првиот браник на одбраната од COVID-19 и несебично се вложуваат во заштитата на нашето здравје. (Крај)
извор: ОхридПрес