• 18/09/2020

Охридската полиција со лампиони, миризливи стикери и флаери им посакува добредојде на гостите во градот

 Охридската полиција со лампиони, миризливи стикери и флаери им посакува добредојде на гостите во градот
loading...
Advertisement

– Полицајците од СВР – Охрид денеска на гостите што доаѓаат Новогодишните празници да ги прославата во градот ќе им делат новогодишни лампиони и миризливи стикери, како и пригодни флаери со испишани порака за безбедно учество во сообраќајот.

Од СВР – Охрид истакнуваат дека во текот на новогодишната ноќ полициски службеници ќе бидат распоредени на Градскиот плоштад и приградските населени места, а сообраќајната полиција, ќе врши контрола на сообраќајот на целото подрачје. Целта е да се зголеми степенот на безбедност во градот, а граѓаните и туристите да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид.

Истовремено, се упатува порака за воздржување од употреба на петарди и други нелегални пиротехнички средства за време на новогодишната прослава, како и апел до возачите да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните прописи.