• 19/09/2020

Охридскиот аеродром бележи рекорден број патници-годинава регистрирани над 300.000

 Охридскиот аеродром бележи рекорден број патници-годинава регистрирани над 300.000
loading...
Advertisement

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ со кој управува ТАВ Македонија, годинава, со рекорден број патници. За прв пат регистрирани се 300.000 патници, што споредено со минатата година значи зголемување од 70%, а за период од 10 години зголемување од 815% на патничкиот сообраќај.

  • Во 2009 година, пред ТАВ да ја преземе работата, охридскиот аеродром имаше 36.652 патници. Во текот на изминатиов викенд ја надминавме бројката од 300.000 патници, што претставува пораст од извонредни 815%, или во 10 години успеавме да постигнеме 8 пати поголем патнички сообраќај. Ова е резултат на експанзијата на мрежата на авиолинии на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, за што како аеродромски оператор постојано работиме, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Интензивниот пораст на патничкиот сообраќај наметнува и потреба од проширување на капацитетот на охридскиот аеродром. Поради тоа, во 2020 година ТАВ Македонија планира да изведе градежни работи за проширување на терминалната зграда на охридскиот аеродром.

  • Тоа ќе резултира со удвојување на капацитетот на охридскиот аеродром, каде потоа ќе може да се опслужуваат до 600.000 патници годишно. Ќе се зголеми бројот на пултовите за чекирање и предавање на багажот, ќе биде изграден ушт ееден излез кон пистата, ќе се прошири просторот каде се врши пасошка контрола, се со цел да се овозможат подобри услови за патување на се поголемиот број патници, потенцира Ерсој.

Од охридскиот аеродром моментално се врши превоз до 22 дестинации, од кои 8 се редовни авиолинии, а останатите се сезонски.

  • Осум функционираат во текот на целата година до следниве дестинации: Цирих, Базел, Лондон, Меминген, Милано, Виена, Дортмунд, Малме, додека 14 се сезонски летови до: Адана, Амстердам, Бергамо, Брисел, Дизелдорф, Ајндховен, Фридрихшафен, Истанбул, Катовице, Мастрихт, Штутгарт, Талин, Тел Авив, Варшава, односно ова се летови што ги има во периодот од април до октомври. Работиме на тоа да го трансформираме охридскиот аеродром во регионален центар, кој што ќе ги опслужува не само македонските патници, туку и сите патници од соседните држави. Овие напори се прават заедно со Владата, Министерството за транспорт и врски, авиокомпаниите, општините, како и со надлежните органи од туристичкиот сектор, објаснува Ерсој.

Бројот на патници на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во првите 11 месеци од 2019 година се зголеми за значајни 70%, односно бројот на патници е 296.870, кои беа превезени со 2.469 летови (66,7% годишен раст). Само во ноември, охридскиот аеродром имаше завиден пораст од 240% во однос на патничкиот сообраќај, што претставува извонреден резултат постигнат надвор од летната сезона.

Со 53,8% пораст во патничкиот сообраќај во третиот квартал од 2019 година, Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид беше рангиран на листата на најбрзорастечки аеродроми во својата големина, во групата на аеродроми што не се во ЕУ, од страна на Airports Council International Europe.

Т.К.

Извор:OhridNews