Охридското Езеро на три сантиметри под природниот минимум

 Охридското Езеро на три сантиметри под природниот минимум

Нивото на Охридското Езеро продолжува да опаѓа. Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, тоа се наоѓа на 693,07 метри надморска височина, што е три сантиметри под дозволениот минимум кој се смета за долна природна граница (693,10 м.н.в.) и 10 сантиметри под котата утврдена во Билатералниот договор склучен со Република Албанија (693,17 м.н.в.).

Ноември, впрочем како и цела есен, се исклучително сушни. Поради исцрпеност на водните ресурси, државата го запре производството на елекрична енергија од хидроцентралите, но тоа нема да биде доволно да се нормализира состојбата доколку птодолжи сушниот период.