
Охриѓанец агресивно се однесувал кон полициски службеници
На 31.01.2021 година во 13.30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, Б.У.(37) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници кои преземале мерки од областа на безбедноста, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
– Против него, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена пријава, истакна Димоски.