Охриѓанец нападнал полициски службеник

 Охриѓанец нападнал полициски службеник

45-годишерн охриѓанец вчера на улицата „Абас Емин“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник, кој преземал службени дејствија.

  • Тој e приведен во СВР Охрид и по одредена мерка притвор e спроведен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид и село Боговиње, тетовско и против правно лице со седиште на улицата „Железничка“ во Охрид.

  • На 16.01.2021 година, прво и второ пријавените, во својство на управители и сопственици на правното лице, дозволиле работа на објектот после 18 часот, ангажирале 11 странски државјанки-танчерки и дозволиле присуство на 23 други лица. Со тоа, постапиле спротивно на одлуките, одредбите, безбедносните протоколи и превентивните препораки за заштита на населението од заразната болест Ковид 19. – информира Димовски.