
Охриѓани физички нападнале две лица од Струга
Од СВР Охрид информираат дека викендов, било пријавено нарушување на јавниот ред и мир што се случило на булеварот „Туристичка“.
Во инцидентот дошло до физички напад извршен од страна на две лица од Охрид, врз две лица од Струга.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
Извор:OhridNews