• 05/04/2020
 Охриѓани заглавени во Копенхаген, околу 5000 Македонци од странство бараат помош да се вратат во земјата

Охриѓани заглавени во Копенхаген, околу 5000 Македонци од странство бараат помош да се вратат во земјата

До Министерството за надворешни работи, околу 5000 државјани на Македонија се пријавиле за помош да враќање во земјата од странство, најголем дел од Европа. Од тие барања до сега се обработени 4000 барања, од нив 2100 од целиот свет се согласуваат со мерките на државата за борба против коронавирусот по враќањето во земјата да одат во задолжителен карантин, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров во емисијата Топ Тема на Телма.

Тој појасни дека заради кризата нашинците кои бараат помош од државата за да се вратат во Македонија ќе имаат извесен надомест и за чартер летот кој ќе биде организиран за таа намена, не прецизирајќи ја висината на надоместокот, а карантинот го покрива државата.

Димитров истакна дека има различни случаи и судбини. Тој издвои случај со двајца браќа од Охрид, кои, како што рече, во моментов се заглавени во Копенхаген. Едниот од нив имал тешка операција во Германија. Откако пропаднал летот од Германија се упатиле кон Копенхаген, но и тој планиран лет кон Македонија бил откажан, по што тие се заглавени во главниот град на Данска.

Поради ова што се случи и хаосот што настана во светот, луѓето не можат да се вратат дома. – рече Димитров.
ОhridNews деновиве објави сторија и за охриѓанец кој поради коронавирусот е заглавен во Калифорнија, САД. Тој има туристичка виза и бара помош од државата, бидејќи летот со кој требало да се врати дома на 25 март е суспендиран.

Министерот за надворешни работи истакна дека се прават сериозни напори со хуманитарни летови и конвои да се вратат дома сите македонски граѓани затекнати во странство, посочувајќи дека државата нема ресурси тоа да го направи секаде. Има наши во Тајланд, Нов Зелајнд, но ние не можеме насекаде да испраќаме чартер авиони, фокусот пред се ќе ни биде во земјите каде има најголема концентрација на наши државјани, а тоа се европските земји, истакна Димитров, додавајќи дека најмногу барања за помош доаѓаат од Германија.

Извор: Ohridnews

Digiqole ad

Можеби ке те интересира