
ОК-ВМРО – Струга: Повеќе од еден месец не работи ехо – апаратот во Гинекологија
Деновиве добивме информации, дека во ЈЗУ Општа болница-Струга, на одделот за гинекологија не работи ехо-апаратот повеќе од еден месец, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга, Мартина Јанковска Стојаноска, која упати прашање до министерот за здравство, Венко Филипче, каде е неговата грижа за пациентите и докторите.
Тие секојдневно се соочуваат со дефект на апарти во сите болници низ државата, а да не зборуваме за прокиснатите кровови и основните услови кои треба да им бидат овозможени на сите пациенти. Вака ли одите по прав пат? Во 21ви век да не Ви функционира основен апарат за преглед на бремени жени е навистина недозволиво! Сте се запрашале ли, дали тие жени имаат финансиски средства да одат секој месец на преглед, во приватна ординација?! Ваквото неодговорно однесување на власта и непочитувањето на граѓаните на Република Македонија е јасен показател дека не водите грижа за ништо, само за Вашите удобни фотелји! Совеста не Ви е чиста, ама разумот на граѓаните и тоа како е бистар! Знаат да препознаат! Казната ќе Ве стигне на 12 април! Време е за обнова на Македонија, нагласи Јанковска Стојаноска.