• 24/09/2020

Околу 100 милиони луѓе ќе завршат во сиромаштија поради пандемијата на Ковид-19

 Околу 100 милиони луѓе ќе завршат во сиромаштија поради пандемијата на Ковид-19
loading...
Advertisement

Околу 100 милиони луѓе во градовите низ целиот свет најверојатно ќе завршат во сиромаштија поради пандемијата на коронавирус, оценија експертите за урбанистичко планирање, повикувајќи на идентификација на ранливите заедници и повеќе инвестиции во сиромашните квартови.

Густо населените градови без канализациски системи, со слабо здравство и снабдување со вода, во кои луѓето живеат во сиромаштија, се особено погодени од пандемијата на вирусот Ковид-19, предупредуваат експертите на Институтот за светски ресурси при Светската банка.

– Во градовите ние треба да се фокусираме на оние на кои им е најпотребна помош, сиромашните и другите ранливи групи се сериозно погодени. Наша проценка е дека поради губење работни места и приходи како резултат на кризата со коронавирусот ќе имаме до 100 милиони нови сиромашни, рече Самех Вахба, глобален директор на Светската банка за урбанизам и управување со ризик од катастрофи.

Тој предупреди дека градовите до следната година можат да очекуваат пад на приходите од 15 до 25 проценти, поради што властите ќе имаат тешкотии во настојувањето да ги подобрат животните услови во сиромашните населби.

Светска банка настојува со мапирање на ранливите заедници, со помош на вештачка интелигенција, сателитски фотографии со висока резолуција и 3Д фотографии, да ги идентификува областите со заеднички пумпи со проточна вода и јавни тоалети каде што поради пренатрупаност е тешко да се применува социјална дистанца. Засега се мапирани Каиро, Киншаса и Мумбаи.