
Околу 60% од Словенците ќе се вакцинираат против COVID-19
Кога вакцината против COVID-19 ќе стане достапна, се очекува да бидат вакцинирани околу 60 проценти од населението во Словенија, или околу 1,2 милиони луѓе, соопшти словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар.
Гантар, одговарајќи на прашањето на пратеници, цитираше интерно истражување кое покажа дека околу 55 проценти од вработените и 69 проценти од корисниците на домови за стари лица изразиле желба да се вакцинираат, јави СТА.
Тој додаде дека се очекува да бидат вакцинирани и околу 60 проценти од луѓето во ЕУ.
Гантар посочи дека листите на чекање во јавниот здравствен систем веќе се зголемиле повеќе од 10 пати во годините на економски раст, а тие исто така значително се зголемиле во текот на првите два месеци од епидемијата.