
ОМАНИ: 15 нови случаи во Тетово е знак дека се уште е потребна внимателност
Значи 15 те нови позитивни тестови денеска во Тетово и во околината на Тетово од кои 11 нови лица се доволна индикација дека најлошото не е поминато во однос на пандемијата и во овој регион. Затоа денеска имавме една воонрдна координација со Заменик Министерот за здравство, со директорите на Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје воТетово и Директорот на клиниката со цел да направиме еден пресек за состојба. Што се случува, кои се трендовите и што треба да направиме во наредниот период.

Очигледно и покрај тоа што генералниот впечаток е дека состојбата е под контрола и дека трендот е позитивен до сега, освен овој пик кој што денеска се случува, но сепак констатиравме одредени слабости и во делот на почитување на индивидуалните мерки од страна на граѓаните, и во делот на комуникацијата со матичните лекари и одговорот на матичните лекари кон барањето на граѓаните и направивме еден план кој што ќе биде презентиран денеска во Кризниот штаб и преку Комисијата за заразни болести, со цел да го подобриме менаџирањето. Така да уште еднаш повик до граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи во ситуација кога спласнува пандемијата на ниво на државата може да создаде ситуација на лажна самодоверба дека ја поминавме состојбата, да се опуштиме пред времемрно и на место за кратко време навистина да ја пребродиме оваа состојба да ни се врати повторно заради таа лажна самодоверба дека звршивме работа.

Сега е време кога треба да бидеме особено внимателни, така да ги повикувам граѓаните знам дека не им е лесно, знам дека е тешко и за економијата, тешко затоа што се затворени по домовите, особено во случај на празници, меѓутоа уште малку ни треба да издржат, бидејќи знаеме што правиме. Значи не импровизираме во тоа што го подготвуваме, нашите планови се научно засновани, знаеме како да излеземе од оваа ситуација само ни треба заедно да работиме со граѓаните и со сите општествени чинители вклучувајќи ги и верските заедници за да можеме да излеземе од оваа ситуација.