Она кога богатството ќе ти падне буквално од небо

 Она кога богатството ќе ти падне буквално од небо

Еден скромен човек од Индонезија преку ноќ стана милионер, откако метеорит падна над неговиот дом. Станува збор за метеорит стар 4,5 милијарди години, еден од најзначајните некогаш најдени на планетата.

33-годишниот Џошуа Хутагалунг, мајстор за  ковчези во Индонезија, стана милионер откако на покривот на неговиот дом падна метеорит, тежок 2.1 кг.

„Звукот беше толку силен така што делови од куќата се стресоа. Откако пребарав наоколу забележав дека покривот е оштетен. Кога го пронајдов и кренав каменот, тој сè уште беше топол“, раскажа Џошуа за индонезискиот весник Kompas.

Тој го продал каменот на експертот за метеорити Џеред Колинс, кој пак го продал на американски колекционер и сега се наоѓа во Центарот за проучување метеорити во Државниот Универзитет Аризона.

Со парите што ги добил за метеоритот Џошуа (околу 1.5 милиони евра) планира да изгради црква во неговото село.

„Отсекогаш сум сакал да имам ќерка и се надевам ова е знак дека среќата ќе ми се насмее доволно за да ми се исполни желбата“, вели Џошуа, кој има два сина.

>
>