Опкружена со 5 мориња, во неа луѓето живеат долго и без болести: Ова е најздравата земја на светот!

Опкружена со 5 мориња, во неа луѓето живеат долго и без болести: Ова е најздравата земја на светот!

Ако сакате да живеете што е можно подолго, се што треба да направите е да се преселите во Италија!

Оваа медитеранска земја опкружена со пет мориња е означена како најздрава земја во светот според Глобалниот здравствен индекс на Блумберг од 163 земји. Така, бебе родено во Италија може да очекува да живее до осумдесеттите.

Иако Италија е меѓу најразвиените земји во светот, нејзиниот раст стагнира со децении, речиси 40% од младите се невработени, а земјата има големи долгови.

И покрај се, Италијанците се во многу подобра форма од Американците, Канаѓаните или Британците, кои во голем број страдаат од висок крвен притисок и холестерол, како и од ментални здравствени проблеми.

Италијанската кујна има голем придонес за доброто здравје на нацијата. Постои и медитеранска исхрана, богата со зеленчук и девствено маслиново масло, која Италијанците ја обожаваат.

На второто место на листата на најздрави земји е Исланд, а на третото е Швајцарија, додека на четврто и петто се Сингапур и Австралија. Во меѓувреме, на 4.500 километри јужно, во Сиера Леоне, просечното дете родено сега ќе умре на 52-годишна возраст, пишува The Independent, кој според оваа листа ја прави најлошата земја за живеење.

Секоја земја беше оценета врз основа на очекуваниот животен век, причините за смрт и здравствените ризици, како што се висок крвен притисок, пушење, неухранетост и пристап до вода за пиење.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds