Опожарен автомобил на патот Вевчани-Струга, нема повредени лица

Опожарен автомобил на патот Вевчани-Струга, нема повредени лица

На 12-ти октомври 2021 година, во 21:00 часот, во СВР Охрид, пријавен е пожар во патнички автомобил „Мерцедес Смарт“, кој се движел на патот Вевчани-Струга, во кој нема повредени лица.

– Од извршениот увид констатирано е дека пожарот во возилото со струшки регистарски ознаки, што го управувал С.Ж (41) од селото Велешта, се појавил во задниот дел кај системот за издувни гасови. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds