
Опожарена куќа во селото Биџево
На 17-ти јуни 2021 година, во Полициската станица во Струга е пријавено дека настанал пожар во куќа во селото Биџево, во сопственост на 29-годишниот П.Т. од истото село, при што целосно е оштетена кровната конструкција, мебел и предмети во поткровјето.
– Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга, повредени лица нема, а увид извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.
извор: МВР