Опожарена трска на потегот помеѓу Струга и с.Калишта

 Опожарена трска на потегот помеѓу Струга и с.Калишта

Во текот на вчерашниот ден во ОВР Струга пријавен е пожар на трска на брегот од Охридското Езеро на потегот од Струга кон селото Калишта.

  • На 13.01.2022 во 13.20 часот било пријавено дека на потегот помеѓу Струга и с.Калишта настанал пожар покрај брегот на Охридското Езеро, при што била опожарена трска со површина од околу 10.000 м2, сопственост на Република Северна Македонија. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

x