Опожарена трска во близина на Калишта

 Опожарена трска во близина на Калишта

– На 19-ти март 2021 година во ОВР Струга пријавен е пожар на езерска трска на брегот од Охридското Eзеро, на потегот од Струга кон селото Калишта.

– Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Од извршениот увид, констатирано е дека била опожарена трска на површина од околу 3.000 метри квадратни на езерскиот брег, како и околу 5.000 метри квадратни сува трева на приватна парцела, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид

>
>