Општина Охрид: Да не се палат василичарски огнови!

Општина Охрид: Да не се палат василичарски огнови!

Со цел да се превенира загадувањето на воздухот и зголемената концентрација на ПМ честичките во амбиенталниот воздух, Општина Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните василичарски огнови на отворено.

Општина Охрид во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година презема мерки против загадувањето на амбиентниот воздух и има предвидено Проект за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување- инвертер клими.

Исто така Општина Охрид е дел од Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух– AIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија. Во рамки на проектот, поставени се 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошките параметри на подречјето на општината. Во моментов се следат пет еколошки параметри и три метеоролошки параметри.

Извор: OhridNews