• 23/09/2020

Општина Охрид: Ќе се утврдува висината на надоместокот за урбана опрема

 Општина Охрид: Ќе се утврдува висината на надоместокот за урбана опрема
loading...
Advertisement

Советот на Општина Охрид на 26 февруари, ќе ја одржи триесет и деветтата седница. На дневен ред се 15 точки, меѓу кои Предлог Одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување Урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.

Советот ќе ја разгледа и Предлог- програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2020 година, како и стратегијата за родова еднаквост во општина Охрид за 2020.

Пред советниците ќе се најдат и Предлог одлуката за аплицирање на проект „ALTERNATIVE THEMATIC EXPERIENCES ROUTES“ во рамки на програмата INTEREG IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија, како и Предлог одлуката за аплицирање на проект „LAKE ECOTOURISM NETWORK BETWEEN MUNICIPALITIES AND ORGANIZATIONS“, исто така во рамки на програмата INTEREG IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.

Советот треба да се произнесе и по Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба Охрид“-Охрид со статус на административни службеници за 2020 година, за именување членови во надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП ВОДОДВОД Охрид, како и за Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за донесување на статутот на ЈП ВОДОВОД Охрид.

Извор:OhridNews