Општина Струга: Барање за поставување урбана опрема на јавна површина можете да поднесете најдоцна до 1-ви јуни

 Општина Струга: Барање за поставување урбана опрема на јавна површина можете да поднесете најдоцна до 1-ви јуни

Согласно Пограмата за поставување на урбана опрема во Општина Струга за 2021 година, тимот на Општина Струга известува дека заинтересираните треба да поднесете барање за користење на јавната површина, најдоцна до 1-ви јуни.

-Кон Барањето подесено на шалтер во општината потребно е да се достават следните документи:

За физички лица: Барање, уверение за платени даноци од општина.

За лица кои не се од Струга, место на престојување во Струга: Уверение од УЈП

За правни лица: Барање, решение од Централен регистар за вршење дејност, решение за исполнување минимално хигиено-технички услови за вршење дејност (од Министерство за економија), решение за исполнување минимално хигиено-технички услови за вршење дејност (од Министерство за здравство), решение за исполнување минимално хигиено-технички услови за вршење дејност (од Министерство за труд), уверение за платени даночни обврски (од Општина Струга), потврда за измирени обврски (oд ЈП.Комунално- Струга),потврда за измирени обврски (од ЈП Водовод и Канализација -Струга)- стои во соопштението од Општината.

Од таму додаваат дека доколку не бидат доставени потребните документи ќе се превземаат казнени мерки, а согласно Законот за градба, член 135-а, алинија 5, надлежниот орган нема да издаде Одобрение –Решение за поставување на урбана опрема во период од најмалку шест месеци.

>
>