Општина Струга донира возило за погребни услуги

 Општина Струга донира возило за погребни услуги

Денес на 03.06.2021 г., Градоначалникот на Струга г-дин Рамиз Мерко го посети Струшкото муфтиство каде беше примен од струшкиот муфтија мр. Салим еф. Сулејмани со неговите соработници.

Целта на оваа посета беше донација на едно специјализирано возило за погребни услуги.

Струшкиот муфтија срдечно му се заблагодари на градоначалникот но и на субјектите кои дадоа придонес во оваа хуманитарна работа за верската институција која имаше потреба за ваков подарок.

Го молиме Семоќниот Аллах да им даде здравје на добродетелите и да ги награди со Своите благодети.

>
>