Општина Струга ги спушти знамињата на половина копје, Мерко изрази сочувство до семејствата на загинатите

Општина Струга ги спушти знамињата на половина копје, Мерко изрази сочувство до семејствата на загинатите

Во согласност со Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за тридневна жалост во знак на солидарност со жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија,во која животите ги загубија 46 македонски државјани, Општина Струга ги спушти знамињата на половина копје за време на деновите на жалост.

Градоначалникот на Општина Струга ,Рамис Мерко, заедно со сите вработени во општинската администрација, изразува сочувство и ја споделува болката со семејствата и блиските на загинатите, а на преживеаните им посакува брзо закрепнување.

,,Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на територијата на соседна Бугарија! Посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените.,,- напиша Мерко.

Општина Струга известува дека поради трагедијата ги прекинува сите престојни активности и манифестации.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds