
Oпштина Струга ја започна кампањата ,,Луѓе од секојдневиот живот“
,Луѓе од секојдневниот живот.“
-Целта на оваа кампања е да ги презентира луѓето кои живеат во Струга и кои имаат различни професии преку кои директно или индиректно влијаат на нашиот живот. Луѓе кои не ги гледаме на телевизија или интернет, а се многу важни за нашето секојдневно нормално функционирање. Би сакале да ја прикажеме важната улога на секој граѓанин во нашето општество, како секој еден од нас влијае врз развојот и го подобрува секојдневието на сите нас.-велат од Општината.
Од таму додаваат дека ќе постираат лични приказни за луѓето од нашиот град и за нивните професии.