
Општина Струга: Ќе се реконструира патот од Подгорци
Уште едно ветување во тек на реализација.
Се потпиша договор помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Струга, како носител на проектот.
Станува збор за проектот – реконструкција на патот до село Подгорци.
За овој проект се издвоени средства во износ од 6.000.000,00 денари од Бирото за регионален развој како и средства од Буџетот на Општина Струга во износ од 3.000.000,00 денари.
Огласот за тендер е во тек.