Општина Струга: На Општината ќе и бидат вратени 39 милиони денари, долгот на МЈП Проаква го преземаат Владата и ЈП Колекторски систем-Скопје

 Општина Струга: На Општината ќе и бидат вратени 39 милиони денари, долгот на МЈП Проаква го преземаат Владата и ЈП Колекторски систем-Скопје

На општина Струга ќе и бидат вратени 39 милиони денари, одлучи Владата на Република Северна Македонија на 15-та седница на чиј дневен ред беше разгледување на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, а Ребалансот на буџетот ја доби поддршката во Собранието.-информираат од Општина Струга.

Од таму додаваат дека овие средства биле одземени од Буџетот на Општина Струга за кредит земен од страна на МЈП ‘’Проаква’’.

-Со воспоставување на Јавното претпијатије Колекторски систем- Скопје, овој долг ќе биде превземен да се плати од страна на ЈП Колекторски систем и Владата на Република Северна Македонија. Со оваа одлука се исполнува едно од најважните ветувања кон општина Струга.-стои во соопштението од Општина Струга.