
Општина Струга објави тендер за изградба на филтер за пречистување на водата за пиење
Минатиот петок Општина Струга објави тендер за изградба на филтер за пречистување на водата за пиење во с.Подгорци. На инициатива на градоначалникот Мерко по бројните барања на жителите на оваа село кои до сега немаа пристап до чиста вода што воедно претставуваше и опасност по нивното здравје, започна постапката за тендер за изградба на филтер за пречистување на водата за пиење.Затоа што здравјето и благосостојбата на жителите и граѓаните на Општина Струга е пред сè…..Канцеларија за односи со јавноста, Општина Струга