Општина Струга од понеделник почнува со работа

Општина Струга од понеделник почнува со работа

Во моментов се врши целосна дезинфекција на зградата и сите простории на општината.

„До денес ниту еден од другите вработени во администрацијата на Општина Струга не покажал симптоми ниту резултирал позитивно на КОВИД 19, но тоа не значи дека не треба да продолжиме да бидеме внимателни. Битката со КОВИД 19 сè уште не е завршена.“ – велат од тимот на Општина Струга.

Од таму уште еднаш апелираат да се почитуваат сите мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство, се со цел спречување на ширење на вирусот.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds