
Општина Струга потпиша Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски
Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, потпиша Меморандум за соработка со министерот за транспорт и врски Г-дин Горан Сугарески, за да се обезбедат средства за изградба и поправка на локални патишта, како и друга патна инфраструктура. Проектот ќе се финансира со средства од Светска Банка, каде што 70 милиони евра ќе им се доделат на околу 80 општини, врз основа на проектите и потребите на општините.
„Општина Струга успеа да обезбеди околу 1.1 милиони евра за финансирање на општинсиките проекти, односно за реконструкција и изградба на локалната патна инфраструктура за периодот 2020-2024 година.“ –
информираат од Канцеларија за односи со јавноста,Општина Струга