Општина Струга со поддршка на барањето на туристичко-услужниот сектор недела да биде работен ден во Струга

Општина Струга со поддршка на барањето на туристичко-услужниот сектор недела да биде работен ден во Струга

Струга е град кој зависи од летната сезона, така што, недела неработен ден сериозно ќе го загрози и негативно ќе влијае на локалниот економски развој и пошироко, велат во соопштението од Општина Струга, додавајќи дека кон барањето адресирано до Министерството за економија се приклучува и Општина Струга и градоначалникот.

Општина Струга и градоначалникот Рамис Мерко се приклучуваат кон барањето на туристичкиот сектор, гастрономите, кафе баровите и дуќанџиите за недела да биде работен ден во туристичките градови, односно во Струга, велат во соопштението.

Потенцираат дека барањето е адресирано до Министерство за економија, односно до Владата на Република Северна Македонија, за да се донесе решение за горенаведените бизниси за недела да биде работен ден, како посебна гранка за туристичката сезона.

Очекуваме посета на министерот за економија и заеднички да разговараме за изнаоѓање на решение кое ќе ги задоволи потребите на граѓаните на Струга, се додава во соопштението.

извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds