
Општина Струга: Започна со санирање на Колекторскиот систем
Општина Струга заедно со Јавните Претпријатија, Колекторски Систем и Водовод и Канализација Струга вчера почнаа со целосна санација на Колекторската Пумпна Станица бр.3 чија главна функција е примање и одведување на отпадните води од целата територија на општината.

Оваа работа е многу важна за жителите на Општина Струга бидејќи со санација на оваа пумпна станица еднаш засекогаш Струшката територија и особено најкритичните места, ќе се спасат од честите поплави кои се случуваат како последица на недоволното одведување на фекалните води.

Треба да се каже дека во оваа пумпна станица години наназад не е направена ниту една инвестиција и истата е оставена во мизерна состојба, додека средствата се користени за други цели.

Денес за прв пат дестинираните средства за Колекторот одат таму каде што треба и инвестициите се вистински и допирливи, а не фиктивни.

Ние ќе продолжиме со нашата работа заедно со двете јавни претпријатија за да се прави целосна санација на целиот Колекторски систем бидејќи здравјето на нашите граѓани е најважно а без хигиена и чиста средина здравје нема.Канцеларија за односи со јавноста,Општина Струга