Општина Струга: Започнува реконструкцијата на улицата ,,Маркс Енгелс“ од кружниот тек кај езерото до зградата на МВР

 Општина Струга: Започнува реконструкцијата на улицата ,,Маркс Енгелс“ од кружниот тек кај езерото до зградата на МВР

-Во наредниот период ќе започнат градежните активности за реконструкција на улицата „Маркс Енгелс“, од кружниот тек кај езерото до кружниот тек кај зградата на МВР.-информираат од Општина Струга

-Оваа капитална инвестиција е многу важна за развојот на градот, вклучително и целосната реконструкција на овој дел од патот и поставувањето улично осветлување.-додаваат од таму.

Проектот е финансиран од буџетот на Општина Струга врз основа на потребите на Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животната средина.

>
>