Општина Струга:Обезбедуваме финансиски средства од Министерство за животна средина и просторно планирање за изградба на примарниот колектор во западниот дел од Охридското Езеро
Обезбедуваме финансиски средства од Министерство за животна средина и просторно планирање за изградба на примарниот колектор во западниот дел од Охридското Езеро
Проектот за изградба на примарниот колектор за собирање на отпадните води од западниот дел на Охридскиото езеро е еден од приоритетните проекти на регионално, национално и прекугранично ниво.
Проектната област се протега на самио брег на Охридското езеро од Автокампот Треска на самата граница со Р.Албанија преку регионалниот патен правец од селото Радожда се до туристичко место Елен Камен до пумпната станица кај хотелот Изгрев кај село Калишта.
Вкупната должина на трасата на примарниот колектор е 5.200 метри. Со реализација на примарниот колектор ќе се комплетира западната страна на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.
Се грижиме за природата и благосостојбата на нашите граѓани.