
Општинската зграда во боите од кампањата за Ретки болести
Во пресрет на одбележувањето на Денот на ретките болести, 29-ти февруари, на иницијатива на граѓанскиот активист Гордана Лолеска, се вклучи и општина Охрид.
Од вчера се до 29- ти февруари, општинската зграда, секоја вечер во текот на 5 часа ќе биде осветлена со зелена, розева и сина, заштитните бои на кампањата за Денот на ретките болести. Со тоа, за прв пат во земјава една јавна институција ќе биде осветлена со боите од кампањата. Овие 5 часа осветлување се симболика за 5% од пациентите со ретки болести низ целиот свет.
Извор:OhridNews