Организирано враќање на 63 патници од Црна Гора, сите во државен карантин

Организирано враќање на 63 патници од Црна Гора, сите во државен карантин

Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, денеска организирало враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили.

Сите лица ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата, информираа од МНР. Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможено е 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја.

Извор: Радио Слободна Европа

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds