
Оружје, куршуми и дрога пронајдени кај охриѓанец
57 годишниот охриѓанец е приведен.
Синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија Н.Т.(57) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со хашишово масло, пиштол марка „VZOR 50“ калибар 7,65 мм, неколку куршуми калибар 7,65 мм и една празна рамка за пиштолот. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.