Оштетени осум израелски воени авиони

Оштетени осум израелски воени авиони

Поплава во една воздухопловна база во Израел предизвикана од обилни дождови оштети осум воени авиони, соопшти израелската војска.

Авионите кои биле оштетени се поправени и повторно ќе летаат во наредните денови.

Израелската војска соопшти дека водата навлегла во складиштето под земја, каде биле воените авиони, но и дека оперативните способности на авионите не биле компромитирани.

Обемот на штетата на авионите не е обелоденет, но се претпоставува дека изнесува околу десетици милиони долари.

Израелската армија забрани да се објавуваат детали од штетата предизвикана од поројните дождови.

Најмалку пет се загинати во поплавите предизвикани од дождови од почетокот на јануари.