Османи: 2020 е година на Западниот Балкан

Вицепремиерот Османи денеска се обрати пред Комисијата за европски прашања по повод преземањето на Претседателството со Советот на ЕУ од страна на Република Хрватска.

„Честитки до Република Хрватска, и до Амбасадорката Н.Е. Тигањ, за првото и историско претседателство со Советот на Европската унија, за одличниот почеток со претседавањето, за амбициозната програма, како и за прецизно и коректно дефинираните приоритети за овие шест месеци“ – истакна Османи потенцирајќи дека оваа 2020 година е година не само на Република Хрватска, туку и на Република Северна Македонија и на целиот регион на Западниот Балкан.

„2020 година е година и на Република Северна Македонија, бидејќи оваа година, после три децении, ја остваруваме нашата прва стратешка цел, членство во НАТО, а убеден сум дека оваа година ќе ги започнеме и преговорите за членство во ЕУ“ – додаде Османи. Во оваа насока тој потенцираше дека најважно е одлуката да се донесе и преговорите да започнат што е можно поскоро, за да продолжи реформскиот процес, како и изградбата на европска држава, со силни демократски институции и целосно почитување на фундаменталните права и еднаквоста на сите граѓани.

„Процесот на преговори ќе го почнеме и тој нема да биде едноставен, туку долготраен, полн со предизвици. Затоа е потребно сите да вложиме заеднички напори и да имаме конструктивен пристап како гаранција дека овој пат успешно ќе го изодиме“ – истакна Османи.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds