• 21/09/2020

Османи и Димитров во Загреб остварија средба со Премиерот Александар Пленковиќ

 Османи и Димитров во Загреб остварија средба со Премиерот Александар Пленковиќ
loading...
Advertisement

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во рамките на работна посета на Република Хрватска, остварија средба со Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреја Пленковиќ.

„Како непосреден сосед на Западниот Балкан и практично дел од поширокиот балкански регион, немам дилема дека Република Хрватска искрено се залага за промоција и интензивирање на европските перспективи на целиот Балкан, а имајќи ги предвид долгогодишните пријателски односи, и искрената поддршка за европските интеграции на Република Северна Македонија“, истакна Османи, пренесувајќи ги пораките на благодарност на Владата за активниот пристап на Хрватска по преземањето на претседателството со ЕУ, како и за личниот ангажман на Премиерот Пленковиќ за интензивирање на процесот на проширување.

„Новата методологија на Комисијата претставува добра основа да добиеме навистина квалитетен процес на преговори, што несомнено ќе биде од корист за граѓаните кои ќе добијат квалитетни и спроводливи реформи; уште повеќе, методологијата претставува и добра основа за земјите – членки да ги надминат разликите околу политичката контрола на овој процес, што ќе отвори простор за да се обезбеди консензус од страна на Европскиот совет за старт на преговорите на самитот на ЕУ во Март“, истакна Османи.

МНР Димитров истакна “Изразуваме голема благодарност на Премиерот Пленковиќ за неговиот активен и недвосмислен ангажман во прилог на европската перспектива на нашиот регион.  Влогот во март е голем. Доколку ЕУ остане неодлучна наместо да му помага и подржува, ќе му направи голема штета на регионот.

Нејзината геополитичка амбиција тешко ќе се оствари без завршување на работата околу земјите кандидати со перспектива за зачленување во ЕУ потврдени со Самитите во Загреб 2000 и Солун 2003 година. Во пресрет на мартовските дискусии на Советот помошта на Хрвтска ќе биде од клучно значење да се подготви теренот и да се овозможи донесување на одлуката за преговори заедно со методологијата. Методологијата според нашите оценки дава повеќе за оние кои ќе постигнат повеќе а нуди помалку за оние кои нема да успеат да испорачаат доволно. Затоа сметаме дека за нас таа претставува шанса да го надополниме изгубеното време и да се докажеме дека сме способни да го изодиме патот до зачленувањето. Загрепскиот самит во мај ќе биде уште една важна отсечка за зацврстување на вниманието на ЕУ кон регионот и димензионирање на нови иницијативи за негова поддршка во политичка и економска смисла.    

Премиерот Пленковиќ ја реафирмираше поддршката и активната улога на Република Хрватска за почеток на преговорите со Република Северна Македонија во рамките на Хрватското претседателство со Унијата, посочувајќи на подготвеноста на земјата за старт на преговорите. Покрај поддршката за пријателските земји, Пленковиќ потенцираше дека интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ претставува и директен интерес на Република Хрватска, изразувајќи надеж дека овие амбиции ќе се реализираат пред загрепскиот самит во Мај, посветен токму на односите меѓу ЕУ и Задниот Балкан.

Во рамките на посетата на Хрватска, Османи и Димитров остварија средби и со Министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, како и со Претседателите на собраниските комисии за надворешна политика, и за европски прашања, при Хрватскиот сабор, Миро Ковач и Домагој Иван Милошевиќ