• 21/09/2020

ОСМАНИ: СЕ ОСТВАРУВА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ИТАЛИЈА ЗА БРЗО ВРАЌАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НАЗАД НА ЕУ АГЕНДАТА

 ОСМАНИ: СЕ ОСТВАРУВА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ИТАЛИЈА ЗА БРЗО ВРАЌАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НАЗАД НА ЕУ АГЕНДАТА
loading...
Advertisement

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска оствари средба со Министерот-советник и Генерален директор за Балканот при Министерството за надворешни работи на Италија, Андреа Касконе во рамки на неговата посета на земјава.

„По длабокото разочарување од октомвриските самити, иницијативата од Премиерот Конте, за брзо враќање на процесот на проширување високо на Агендата на ЕУ, денес во целост е исполнета. Пред нас имаме практично усогласена рамка за новата методологија и Извештај на Европската Комисија кој нуди можност на претстојниот самит на ЕУ да се исправи грешката од минатата година“, истакна Османи, упатувајќи благодарност до Касконе за про-активната поддршка од страна на Италија за Република Северна Македонија, и воопшто за процесот на интеграција на регионот во ЕУ.

За време на разговорот од страна на двајцата соговорници заеднички беа констатирани одлични билатерални односи во многу области од заемен интерес, засновани врз меѓусебна доверба, почит и разбирање на повеќе нивоа, а воедно беше изразена и заедничка согласност за европските перспективи на целиот Западен Балкан.