• 18/09/2020

Осминафинале ЛШ: Ливерпул против Атлетико Мадрид, Елмас и Наполи на дуел со Барселона

 Осминафинале ЛШ: Ливерпул против Атлетико Мадрид, Елмас и Наполи на дуел со Барселона
loading...
Advertisement

Европскиот првак Ливерпул ќе игра против Атлетико Мадрид во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите. Најтрофејниот клуб Реал Мадрид за противник го доби англискиот првак Манчестер Сити, а интересен е и дуелот меѓу Челси и Баерн Минхен. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со Наполи ќе гостува на „Камп Ноу“ и ќе има пресметка со шпанскиот шампион Барселона.

Дебитантот во осминафиналните натпревари од елитното европско клупско натпреварување, италијанскиот тим Аталанта ќе игра против Валенсија. Борусија Дортмунд ќе ги одмери силите со Пари Сен Жермен, а Жозе Мурињо и Тотенхем ќе играат против моментниот лидер во германскиот шампионат, составот на Лајпциг.

Првите осминафинални мечеви од Лигата на шампионите се закажани за 18, 19, 25, 26 февруари, а реваншите на 10, 11, 17 и 18 март следната година. Финалето ќе се игра во Истанбул.

ЛИГА ШАМПИОНИ, ДВОЈКИ ОСМИНАФИНАЛЕ

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН

РЕАЛ МАДРИД – МАНЧЕСТЕР СИТИ

АТАЛАНТА – ВАЛЕНСИЈА

АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛИВЕРПУЛ

ЧЕЛСИ – БАЕРН МИНХЕН

ЛИОН – ЈУВЕНТУС

ТОТЕНХЕМ – ЛАЈПЦИГ 

НАПОЛИ – БАРСЕЛОНА