• 24/09/2020

Основниот суд Охрид доби в.д. претседател

 Основниот суд Охрид доби в.д. претседател
loading...
Advertisement

Со одлука на Судскиот совет, за вршител на должност претседател на Основниот суд во Охрид е назначен Вулнет Винца, долгогодишен судија во овој суд, а претходно беше судија и во судот во Струга. Тој доаѓа на местото на Милчо Клишески, кој беше на чело на охридскиот основен суд во два мандата.

Изборот на в.д. претседател од страна на Судскиот совет е извршен поради неможноста да се спроведе постапката за внатрешен избор на прв човек на Основниот суд во Охрид, заради распишаните предвремени парламентарни избори.

Инаку, во трка за претседателската функција во Охридскиот суд се четворица судии: Весна Кичеец, Васил Баткоски, Владо Дејаноски, кој претхоно во еден мандат беше претседател, како и Ефтим Попески, кој, пак, претходно беше раководител на КПУ Затвор Охрид.

Согласно прописите вршителот на должност нема право да биде кандидат за избор на претседател на Основниот суд Охрид.

Г.М.

Извор:OhridNews