Останува забраната за работа на фитнес центрите и вежбалните во затворен простор

 Останува забраната за работа на фитнес центрите и вежбалните во затворен простор

Владата на денешната седница ги прифати одлуките за скратување на полицискиот час и истиот од утре ќе почнува во 21 часот до 05 часот, додека за празниците Велигден и Рамазан Бајрам, нема ограничувања на движењето.

Исто така од утре се отвораат летните тераси на угостителските објекти.

Покрај другите мерки, Владата одлучи фитнес центрите и вежбалните да останат и натаму затворени.

„Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.“, се вели во соопштението од Владата.

>
>