Осуденик на смрт бара стрелачки вод наместо инјекција

 Осуденик на смрт бара стрелачки вод наместо инјекција
Зејн Мајкл Флојд, осуден на смрт за убиство на четири лица во пукање во 1999 година, бара од американската сојузна држава Невада погубувањето да го изврши стрелачки вод, а не надлежен со инјекција.

Неговите адвокати наведуваат дека ова не е тактика за одложување на казната, туку оти тој начин би бил „помалку болен“. За да се смени протоколот за смртна казна, одбраната мора да предложи алтернативен метод, на што адвокатите посочуваат дека пукањето е „најхуман начин“.

„Извршувањето на казната од стрелачки вод е побрзо и помалку болно од смртоносна инјекција“, се вели во барањето на Флојд.

Невада порано дозволуваше смртна казна со стрелачки вод, но Законот денес налага инјекции. Случајот на Флојд е, инаку, прв последниве 15 години во Невада. Предлогот на адвокатите на Флојд доаѓа во време кога законодавците размислуваат за укинување на смртната казна.

Од друга страна, обвинителите најавија дека ќе побараат извршувањето на смртната казна да се случи следниот месец, а можниот рок може да биде и јуни.

Во САД, само три држави и тоа Мисисипи, Оклахома и Јута, како и Американската армија, дозволуваат смртна казна со пукање. Последен пат овој начин беше искористен во Јута во 2010 година.

>
>