Осум ученици во струшките училишта биле заразени од Ковид 19

 Осум ученици во струшките училишта биле заразени од Ковид 19

Само осум ученици и 23 наставници од струшките основни училишта биле заразени со Ковид 19 од почетокот на учебната година, потврдија од Општина Струга.

Во 11-те основни училишта, како што стои во информацијата, се преземаат сите заштитни мерки согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

– Локалната самоуправа со поддршка на Црвениот крст и локални компании постојано доставува маски и средства за дезинфекција во училиштата, поделени се апарати за дезинфекција, како и едукативни постери со цел да се инфирмираат најмалите како да се заштитат од Ковид 19, информира општинската прес-служба.

Покрај учениците од прво до трето одделение, кои следат настава со физичко присуство, на територијата на Општина Струга во училишните клупи учат и од повисоките одделенија, односно од четврто до деветто.

Настава со физичко присуство следат учениците во подрачните училишта на ОУ „Ашим Агуши“ во Теферич и Заграчани, во ПОУ „Браќа Миладиновци“ во селото Калишта, во ПОУ „Јосип Броз Тито“ во Радожда, ПОУ „Гоце Делчев“ во селата Јабланица, Луково и Нерези, ПОУ „Мурат Лабуништа“ во Боровец, Ташмаруништа, ПОУ „Единство“ во Долна Белица, ОУ „Зини Хани“ во Велешта,.