• 15/08/2020
 Натпреварувачката комисија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за Втора МФЛ – Запад

Натпреварувачката комисија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за Втора МФЛ – Запад

loading...
Advertisement

Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад.

Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус – Covid-19 потврдија дека вкупно 13-ет фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на Covid-19.

Според пропозициите за натпреварување, ждреб ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.

Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус – Covid-19 на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток. 

Можеби ке те интересира